ПЛАТО ПРЕД МКЦ: Концерт на отворено на 6 бендови

Концерт на отворено на 6 бендови, утре со почеток во 19 часот пред платото на МКЦ.


Поддршка на бендовите ќе можете да дадете преку донации.

Влезот е слободен.

НАСТАПУВААТ:

- Angza
Crasher-Crust/Punk полни со енергија, омраза и гнев! Ова ќе биде една од првите неколку нивни свирки. Формирани се во 2018г. во Скопје.

- Man In a Suit
Македонските Morphine ќе се престстават пред скопската публика, каде што ќе можете да го доживеете нивниот најспецифичен и естетски филинг преку нивната маѓепсувачка музика. Бенд составен од членови од Берово, Куманово & Скопје.

- Conspiracy
Победниците на фестивалот Лузерфест впрочем и најнадежниот млад македонски состав ќе можете да го слушнете во живо. Најголеми влијанија им се Metallica, Sanatorium и LambOfGod.

- ИлузијА
Нов извонреден даркерски бенд формиран во Кратово. Ќе ве изненадат со нивната умнетничка длабочина и осмисленост на целиот нивни сценски концепт. Можеби за поголемиот дел од Вам ќе ви биде прв date со нив.

- Morfej
Кумановскиот бенд Морфеј, кој што на овој фестивал ќе се претстави и со новиот член (Басистот Теодор Јефремовски), ќе ве трогне со нивната искреност и со нивниот специфичен музички стил. Бенд кој уште многу долго ќе се памети во македонската рокерска потсвест.

- Tonal
Млад и извонреден артист кој ќе ве остави воодушевени од неговиот перформанс. #Tonal за прв пат ќе свири на фестивалот Алтернативно Скопје. Покрај многуте настапи ширум Европа и низ Македонија, ќе имате прилика да го гледате во живо на овој фестивал.