Пламнал пожар во дом за деца во Бутел

Скопската полиција извести дека вчера околу 14 часот пламнал пожар на првиот кат во дом за деца „25 Мај“.

Поточно, пожарот пламнал во една од собите, а изгорел дел од инвентарот во собата.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на противпожарната бригада.