Плакар падна врз бебе – со тешки повреди пренесено на КАРИЛ

Еднокрилен плакар паднал врз бебе на возраст од една година. Несреќата се случила вчера околу 11,00 часот во Скопје на ул.„Радишанска“.

Детето се здобило со фрактура на черепот и внатрешно крварење, пренесено е во Ургентен центар – КАРИЛ и задржано на лекување.