Питагора напишал текст за Скопје

Во текстот „Скопијадите на Питагора“, се споменува еден град во кој овој голем филозоф слушнал една важна поука, што ја ставил како прва реченица на оваа книга.

Сочувана до денес поуката гласи: Не биди бесрамен кон никого!

Не е познато каде бил тој град. Од сите денешни градови само градот Скопје совршено соодветствува на насловот: Скопијадите. Дали тој град е денешното Скопје? Уште од VI век пред нашата ера?

Ако тој град на бил ова Скопје, туку некој град со исто име, нека биде вината наша и на Питагора. Но, во тоа дека жителите на Скопје токму истата реченица „Не биди бесрамен кон никого!“ и денес ја сметаат за мотото на градот, ќе се уверите веќе во првите контакти со нив.