ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг брашно

1 квасец

1 лажиче сол

прстофат шеќер

млака вода

400 гр битолско кисело млеко

3-4 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Замесете го брашното и оставете го да нарасне.

Исукајте две кори, со тоа што едната да биде поголема од тавата во која ќе се пече.

Намастете ја тавата и ставете ја поголемата кора.

Врз тестото ставете ја мешавината од јајца и кисело млеко. Покријте со другата кора, а деловите што висат од долната завиткајте ги на крајчињата.

Печете во загреана рерна околу 40-45 минути.