Писмото на Ајнштајн до својот син: Како се учи?

Алберт Ајнштајн, еден од најголемите умови на сите времиња, бил своеглав ученик.

Сакал да сонува со отворени очи и често одлетувал со мислите на часовите. Многумина поради тоа го сметале за лош ученик. Затоа, кога и самиот станал родител, бил поборник за тоа дека на децата треба да им се остави слобода самите да откријат што ги интересира.

Тој ги поттикнувал своите синови Ханс Алберт и Едуард (кој го нарекувал Тете) ги поттикнувал да развиваат интереси кои не се врзани за училиштето.

Откако се развел од својата сопруга, останал да живее во Берлин, а неговите синови живееле со својата мајка на релација Виена – Цирих. Во писмото кое во 1915 година му го пратил на својот 11-годишен син, тој му советува да се “држи до свирење пијано и обработка на дрво“, затоа што за него тоа е и „подобро од школо“.

Ајнштајн знаел дека не постојат лоши ученици, само деца кои не добиваат можност да ги развијат своите специфични интереси.

Во продолжение прочитајте го целото писмо:

Мој драг Алберт,

Вчера го добив твоето писмо и бев многу среќен. Веќе се исплашив дека можеби нема повеќе да ми пишуваш. Кога бев во Цирих, ти ми кажа дека се чувствуваш непријатно кога доаѓам таму, па мислев дека е подобро да се среќаваме на некое друго место, некаде каде што никој нема да ни ја нарушува удобноста.

Морам да инсистирам на тоа секоја година заедно да поминуваме еден месец, за да видиш дека имаш татко кој многу те сака. Тогаш би можел да научиш многу работи од мене, работи на кои не може да те научи никој друг. Она што го постигнав со напорна работа нема да им биде достапно само на непознати луѓе, туку и на моите синови. Овие денови завршив со еден од моите најубави трудови кои некогаш сум ги создал, а кога ќе бидете постари, ќе ви кажам за што станува збор.

Многу ми е драго што си пронашол среќа во пијаното. Според мене, тоа и столарството се најдобри занимливости за твоите години, можеби и подобри од училиштето. Кога свириш на пијаното, свири композиции кои најдобро ти легнуваат, дури и ако учителот не ти ги доделил како задача. Тоа е начинот преку кој највеќе ќе научиш, затоа што кога правиш нешто во коешто уживаш, нема ни да забележиш дека времето поминува. Јас понекогаш сум толку преокупиран со својата работа што заборавам и да јадам.

Тато ви праќа еден бакнеж на тебе и Тете.

Поздрав за мама.