Писмо од еден заљубен скопјанец: За твоите другари бев клошар кој не може да те изнесе на ручек

Готово е. За прв пат откако почна нашата приказна, за прв пат откако сум со тебе можам да кажам дека е дефинитивно крај. Во мене нема никаква надеж. Живеам само затоа што мора.

Се чувствувам скршено, преполовено... Беше причината поради која живеев, се смеев... секое утро кога ќе ги отворев очите ти ми доаѓаше како некоја волшебна мисла, навечер не можев да заспијам без да те слушнам, ни стана навика да збориме по телефон во 3 по полноќ, станавме зависни еден од друг.

Сега веќе нема ништо од тоа.

Понекогаш се обидував да се претставам со лажен сјај.Но, тогаш срцето ми се кршеше на илјада парчиња кога ќе помислев дека немам пари да те почестам, а ти зборуваше за брак патувања, уживања!“

Бев млад, залетан, вљубен и изгубен сите ми викаа не сте еден за друг, оваа работа нема да трае долго. Но, бев против сите.

Се возев со 23-ка до Рекорд каде се чекавем, а тебе секогаш те носеа твоите со кола.Бев многу заљубен мислев дека и на тебе ти е убаво кога зедно се шетавме низ Центар, серќни и задовлони грицкајќи сончоглед те прашував дали се чуствуваш убаво како јас ти секогаш се насмевнуваше трепкајќи ми.

Кога ќе ме поканеше на некоја журка или на вечера заедно со твоите другари упорно одбива бидејќи знаев дека таму не припаѓам и ќе ти речев, а да дојдеш до кај мене да гледаме филмче и јадме пуканки, ќе те чекам на автобуска.... Упорно ги одбивав сигналите дека потекнуваме од два различни света.Некогаш ќе помислев што можам јас да и понудам на оваа девојка љубов, верност, романтика...

За другарите околу тебе бев само клошар кој не може да те изнесе на ручек или пак да те однесе на летување.Сите беа против нас. Твоите родители велеа дека не сум за тебе и дека ќе те направам несреќна.Мојата околина ме гледаше како фраер кој има богата девојка, но не е така... Не сакам никој да ме сожалува ниту да ме издигнува.