Писмо до мојата мајка во рајот: Сакам да ги знаеш овие нешта

Времето поминува мошне брзо, но истовремено  и бавно. Изгледа како вчера да беше кога ти си замина, а истовремено твоето  отсуство изгледа како да трае цела вечност. Секој ден се соочувам со нови нешта, нови искуства и спомени и сакам да ги споделам со тебе.

Како што минува времето, не станува воопшто полесно. Иако се навикнав на реалноста, сепак болката не си заминува. Секој ден ми недостигаш повеќе и повеќе. Сакам да го знаеш тоа.

Се надевам дека те правам горда. Ти го ветив тоа. Ти ветив дека секој ден полека ќе станувам личноста која сакам да бидам. Се надевам  дека можеш да ги видиш сите нешта кои ги правам. Се надевам дека можеш да видиш како се грижам за сите нешта кои ти значеа. За мене воопшто не беше лесно да те изгубам, бидејќи тоа значеше и брзо растење, брзо созревање.

Се надевам дека знаеш дека сè што правам, го правам за тебе. Се надевам дека знаеш дека ти си мојата мотивација. Се надевам дека знаеш дека ти си мојата сила. Се надевам дека знаеш дека не поминува ни ден без да помислам на тебе. Се надевам дека знаеш дека сум благодарна и среќна за секој момент кој го поминавме заедно.

Се надевам дека знаеш колку ми недостигаш и колку те сакам. И колку ќе те сакам секогаш.

Се надевам дека знаеш дека нема никогаш да те заборавам.

nike air max 1 sale