Писмо до мојата братучетка која ја сакам како сестра...

Ти беше сестрата што никогаш ја немав. Кога растевме постојано се каравме, но денес сме неразделни. Кога размислувам за нашиот однос, сфаќам дека има работи за кои никогаш не ти се заблагодарив, па затоа еве сега ти пишувам.

Нашите заедничките трачарења кои може да ги разберат само членови на семејството

„Мајка ми рече да не кажувам никому, затоа не и кажувај на мајка ти...“

Секогаш ме слушаше и секогаш можев да се потпрам на тебе

Ти ми обрнуваше внимание кога имав чувство дека никој не ми обрнува внимание и ти секогаш беше тука. После секој наш разговор секогаш се чувствував подобро.

Ти ме разбираш

Да, ние сме семејство и не знам дали тоа е некако поврзано, но ние сме толку слични. Ти сфаќаш како размислувам и како се однесувам.. Никогаш не се чувствувам осамено, затоа што знам дека има некој кој ме разбира

Секогаш можам да сметам на тоа дека искрено ќе ми кажеш ако нешто не штима

Да, некогаш дури делуваш и грубо, но знам дека секогаш ми кажуваш што мислиш затоа што тоа е за мое добро.

Со тебе се чувствувам сигурно

Што и да се случи, знам дека можам да дојдам кај тебе и знам дека нема да ме осудуваш.

Ме трпиш кога сум кенкава и намќореста

А тоа кажува многу, затоа што и јас самата не се трпам кога сум таква.

Ти си скрос чудна, ама и јас сум таква

Си имаме чудни шеги што само ние ги разбираме и поради тоа сите околу нас нѐ гледаат чудно.

Ти навистина се грижиш за мене и тоа е она што ми е потребно во животот

Ме гледаше како правам грешки и знаеше дека нема да те послушам кога ми даваше совети. Но, никогаш не престана да ми даваш совети, дури и кога знаеше дека нема да те послушам, но никогаш не се обидуваше да ми наметнуваш нешто.

Ти благодарам што си таква каква што си!

Ти имаш прекрасна душа и ти ме научи на толку многу работи во животот. Ти ми покажа што значи да се има вистински пријател во животот. Толку сум горда што си дел од моето семејство. И во добро и во лошо, и во смеа и во тага, ние секогаш бевме тука една за друга.

Те сакам, јас сум тоа што сум поради тебе. Фала ти!