Писмо до луѓето кои веќе не заслужуваат да бидат дел од мојот живот

Често мислиме дека луѓето ќе останат во нашиот живот засекогаш, но доволно е само да погледнеме околу себе и да забележиме колку од нив останале во нашето минато.

Јас никогаш не мислев дека ќе морам да се разделам од некои луѓе, но со тек на време тие станаа како отров за моето живеење.

Со секоја ситуација низ која минував, полека почнував да сфаќам која личност заслужува да биде дел од мојот живот. Ми стана јасно кој навистина се грижи и кој има најдобри намери за мене, а кој се себичен и воопшто не помислува на мојата среќа.

Голем дел од луѓето кои ги сакав ми требаа во најтешките мигови од мојот живот. Но, тие ми беа пријатели само кога ним им одговараше. Но, во мојот живот веќе не постои место за нив, не постои слободно место за некој да доаѓа и да си оди кога му одговара.

Затоа решив дека овие луѓе не заслужуваат веќе да се дел од мојот живот.

Им кажувам збогум на оние кои не мислат на мојот најдобар интерес.

Се збогувам и оние кои не беа тука кога ми беа потребни.

Не вложувам веќе напор онаму каде комуникацијата долго беше еднонасочна.

Се откажувам од оние луѓе кои не прават да се чувствувам подобро.

И од оние кои се токсични за мене.

Време е да се ставам себеси на прво место. Време е да ја затворам вратата за оние кои доаѓаат и си одат кога им одговара. Време е да престанам да се грижам за оние кои не го прават тоа за мене.

Имам многу да дадам. Јас сум добар пријател. Но, време е да се фокусирам само на она што ме прави подобра личност.  Во мене веќе нема простор за негативна енергија.