Писмо до градските девојки кои во време на изопачени вредности, останаа исти

Она што е нежно и убаво многу брзо може да се претвори во лесно. Општеството тоа најдобро знае како да го претвори.

Општеството мора прво да ја скенира секоја жена. Како е облечена кога ќе излезе, каде и со кого се движи. До кога останува.

Ова писмо е посветено до оние градски девојки кои во време на изопачени вредности, останаа исти, а така станаа и различни…

  • Тие не носат штикли, тие носат високи потпетици…
  • Тие не носат старки затоа што е модерно, туку затоа што ги носат уште кога биле деца.
  • Тие не носат кармин, туку руж, а црвениот руж можат да го носат во секоја прилика, затоа што усните им се во облик на М, а не на О.
  • Ако се тетовираат, тие го прават тоа затоа што е лично, а не затоа што им ја подигнува цената.
  • Ако заплачат, тие ќе заплачат на црно-бел филм, а не на стихови од Лепа Брена или реални шоу-а.
  • Кога ќе одлутаа со мислите, тие не ги грицкаат вештачките нокти, туку врвот од пенкалот.
  • Тие не се смеат со затворена уста, тие се смејат гласно, затоа што искрената и природна насмевка нема цена.
  • Тие не покажуваат среден прст, тие намигнуваат… а пораката останува иста.
  • Тие не играат, тие танцуваат и тогаш не мешаат, туку се препуштаат на ритамот.
  • Тие ги соблекуваат своите чевли и одат низ градот боси затоа што се среќни, а не затоа што се пијани.
  • Тие кога одат на одмор, носат костими за капење, а не вештачки трепки и повеќе сакаат да им на сонцето да им изгоре врвот на носот, отколку задникот под вештачка лампа.
  • Тие немаат црти од солариум, туку од чипкани прерамки.
  • Тие на плажа не носат пудра и вештачки бои за лице, туку боички за цртање по камењата и пишување разгледници.
  • Кога сакаат да бидат секси, наместо кратки маички и мини здолништа, тие облекуваат бела машка кошула.
  • Тие не паѓаат во несвест  на шампањ и народњаци, туку само се газат од смеење.
  • Кога ќе чујат труба помислуваат на џез, а не на кафана.
  • Театарот не го обиколуваат или посетуваат, тие постојано му се враќаат.
  • Тие водат љубов со допир.
  • Тие се поинакви, затоа што секогаш останувале исти!