Писмо до човекот поради кој ја изгубив самодовербата…

Поради тебе се чувствував грдо. Заради тебе се чувствував дебела. Ме натера да се чувствувам како воопшто да не ја заслужувам твојата љубов. Но, моите чувства повеќе не се под твоја контрола.

Ова е отворено писмо до мажот поради кој се сомневав во својата убавина. Ова е писмо за сите жени кои имале ваков маж во својот живот.

Многу ми е мило заради тоа што си отиде од мојот живот. Во спротивно ќе ме убиеше тоа мое постојано обидување да те задоволам. Сега, кога повеќе не си дел од мојот живот, можам да пронајдам некој заради кој нема да се сомневам во својата убавина. Некој кој ќе ми каже дека сум преубава, дури и кога носот ми е затнат, а косата измрсена. Човек кому нема да му смета тоа што сум ставила некој килограм повеќе, затоа што и понатаму одвнатре имам прекрасна душа, без оглед на тоа што покажува вагата.

Шминката не е лажно претставување. Ставањето пудра за да се покрие некоја акна не е лажно претставување. Прекривањето на подочњаците кои се резултат на тоа што сум спиела само три часа, не е лажно претставување. Човековото телот не е природно украсено. Не би требало да бидеш изненаден кога ќе ја тргнам шминката и кога ќе исчезнат убавите бои. Но, знаеш што е лажно претставување? Да се преправаш дека си добар човек, да се заколнеш дека ме сакаш и дека никогаш не би ме повредил и да го направиш токму тоа.

Мојата самодоверба повеќе не зависи од мажите. Некогаш се мачев со броењето на калориите и со облекувањето на облека која тебе ти се допаѓаше. Облеката која ја купував беше облека заради која требаше да ме засасакш. Но, сега, сега сум попаметна. Сега се дотерувам за себе. Не ми треба маж кој би ме измеркал од глава до пети за да се чувствувам атрактивно,  затоа што јас веќе знам колку вредам.

Сакам некој кој повеќе ќе го цени мојот ум отколку моето тело. Можеби немам најубави гради, но имам голем мозок. Да беше нормален човек, само за момент ќе престанеше да зјапаш во моето тело, ќе ме погледнеше во очи и ќе слушнеше што имам да ти кажам. Јас сум паметна, јас сум добра личност, јас сум преубава одвнатре. Штета што се фокусираше на моите надворешни маани, наместо да ја препознаеш мојата внатрешна убавина.

Мојата убавина највеќе сјае кога сум среќна. Јас изгледам најубаво кога правам нешто што сакам. Кога зборувам на некоја тема која ми е позната, кога ја пеам мојата омилена песна или кога читам роман од писателот кој го обожавам. Убавината излегува на површина во тие мали моменти, кога сјајот во мојата душа сјае во моите очи и насмевка.

Воошто не ми е потребно толку многу шминка како што мислев порано. Нема веќе да поминувам часови пред огледалото само за да се чувствувам посебно. Шминката за мене не значи самодоверба, таа за мене е само начин како да прикријам одредени недостатоци. Но, веќе не ми паѓа на памет да мислам дека целото мое лице е една огромна маана. Ќе се препуштам на природниот изглед, затоа што повеќе не ми се потребни три килограми шминка за  да се чувствувам убаво. Малку руменило и малку маскара ми е и повеќе од потребно.

Убавината навистина доаѓа во сите облици и големини. Можеби не изгледам како супермодел, но таквите жени се навистина ретки. Постојат прекрасни жени со големи задници, прекрасни девојки со мали задници, прекрасни девојки со акни и прекрасни девојки со целуит.  Моите маани не ме прават помалку убава. Само ме прават поуникатна и своја.

Ти не си убав одвнатре. На прв поглед си згоден, но кога твојата идна девојка ќе дојде на себе и ќе сфати каков карактер имаш, таа ќе стане твојата идна бивша девојка. Не се сите наивни како мене. Нема долго да те трпат кога еднаш ќе сфатат дека си ептен плиток.

Учам како да се сакам самата себе. Признавам дека се уште работам на себе. Некои денови се чувствувам незапирливо, а има денови кога се чувствувам како да сум најгрда во просторијата. Но, веќе нема да дозволам маж да ја контролира мојата самодоверба. Кому е грижа што мислат другите? Јас сум таа која треба секое утро да се погледне во огледало и затоа  единствено што е важно е моето мислење.