Пиштол пронајден во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Пиштол „Глок 17 “ калибар 9 мм бил пронајден вчера во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Од полицијата информираат дека пронајдениот пиштол е во сопственост на Х.И. (31) кој од него бил одземен пред два дена во 15 часот во комплексот „Мајка Тереза“ од страна на непознат сторител.

-Додека пријавителот седел во ходникот од болнички објект, сторителот  му ја земал чантата во која бил пиштолот, по што побегнал од местото, информираат од полицијата.