Пинџур по традиционален македонски рецепт + вкусен леб кој не се меси (видео)

Пинџур

Потребни состојки:

3 kg црвени пиперки

1,5 kg модри патлиџани

1,5 kg домати

150 g лук

2 dl масло

250 g лути пиперки

по 1 лажичка сол и шеќер

Подготовка:

1. Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите, излупете ги и сомелете ги во машина за месо.

2. Ставете го маслото да се згрее во големо тенџер, па додадете го мелениот зеленчук. Додадете ги солта, шеќерот и исечканиот лук. Оставете да се динстаат 10-15 минути. Пред самиот крај додадете ги лутите пиперки, кои претходно малку сте ги запекле, но внимавајте истите да не се распаднат, туку да останат цели.

3. Жешкиот пинџур ставете го во топли, стерилизирани тегли кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да отстојат преку ноќ додека не се изладат.  

Леб кој не се меси

Сонот на секоја домаќинка, топол, тазе  леб од вашата кујна без месење.

Ова е постапката: