Писмо на една изневерена жена: Ти ми беше најдобрар другар, а сега...

Една изневерена жена одлучила да му напише јавно писмо на својот сопруг кој со своето неверствого уништил нивниот 28-годишен брак. Трогателното писмо на госпоѓата ви го пренесуваме во целост.

„Поминаа околу 12 седмици откако и видов оние ужасни пораки кои ги потврдија моите сомнежи дека си неверен. Две години се прашував дали сѐ уште ме сакаш, затоа што не се чувствував сакано, толку многу што понекогаш се прашував дали имаш љубовница. Плус, чувствував дека ме избегнуваш. Секојпат ме уверуваше дека ме сакаш и дека немаш љубовница, а јас поради тоа се чувствував среќно, барем за момент.

Сепак, имав чувство дека нешто не е во ред, но поради фактот дека ти ме уверуваше дека се е во ред, почнав да се сомневам во сопствениот разум. Се чувствував лошо, почнав да добивам напади на паника. Нашите деца се прашуваа зошто толку често излегуваш и не поминуваш време со мене или со семејството. Но, ти продолжуваше да бидеш себичен.

На почетокот, кога ти се спротиставив поради оние пораките од оној ужасен ден, тврдеше дека се работело само за врска за една ноќ. Иако тонот во пораките не ми оддаваше впечаток дека се работи за секс за една вечер, ти инсистираше на тоа.

Уште наредниот ден организираше да одиме на советување. Пет минути пред да почнеме, ти ми ги соопшти ужасните вести – ти всушност 18 месеци си бил во врска.

Мојот свет се сруши. Бев потполно избезумена. Ти беше целиот мој свет, мој пријател, мојот единствен љубовник и во потполност ме изневери и ме повреди на начин кој не ни можам да го објаснам.

По една недела, одлучи да продолжеш да ме бодеш и ми призна дека аферата всушност траела две години. Ти на оваа жена си потрошил дел од нашите семејни пари и си ја водел на патувања за време на викендот. Ми рече дека си купувал по неколку шишиња вино секојпат кога ќе сте се сретнале, за да ти помогне, затоа што тоа било „само пијан секс“.

Си ѝ купувал цвеќиња, си и подарил албум со ваши слики и ланче за роденден. Си ја водел на концерти. И цело време ме лажеше со кого се гледаш и што правиш. А јас толку многу ти верував.

Таа жена е твоја колешка од работа и очигледно е дека ја гледаш секој ден, иако рече дека „не се гледате повеќе“. Не сум сигурна дека можам да ти верува после толку лаги. За жал, никогаш нема да знам дали и понатаму се гледате, затоа што ти секако можеш да правиш што сакаш кога не си со мене. Така добро ме излажа. Потоа продолжи презриво да се однесуваш кон мене. Ниту покажуваш дека ти е жал, ниту дека ти е жал за она што си го направил и не покажуваш никакви чувства за мене или пак, загриженост за тоа како се чувствувам. Се однесуваш како ништо да не се случило.

Потоа ми рече дека веќе подолго време не ме сакаш, а тоа силно ме вознемири, затоа што ниту еднаш не го спомена тој проблем, за да можеме да работиме на тоа. Заедно бевме 28 години, а тоа се премногу спомени кои ти едноставно ги отфрли.

Сѐ е толку болно. Уништена сум затоа што ти одлучи дека нашата врска е готова и одлучи да ја завршиш на толку ужасен начин. И дополнително ја донесе таа ужасна и бесчувствителна жена и таа стана дел од нашиот брак.

Велиш дека ти е жал, но тоа се само празни зборови во споредба со огромната болка која ми е ја нанесе на мене, но и на нашите деца. Го изгубив и мажот, но и најдобриот пријател и не сум сигурна дека некогаш ќе ја преболам тагата која ми ја донесе.

Твојата жена со скршено срце.“