Пијан и гол скопјанец тепал полицајци на Родос

Грчкото МВР денеска извести дека 30-годишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор кој под дејство на алкохол нападнал тројца полицајци на Родос, пренесе Прототема.

Нашинецот пред судските органи во Грција изјавил дека поради големото количество алкохолот што го испил не бил свесен што направил.

– Инцидентот се случил на 17 овој месец на плоштадот Еврејски маченици во стариот дел на градот Родос. Откако се опијанил, македонскиот државјанин се соблекол гол и легнал на една од кафеанските маси. Кога пристигнале полицајците, го замолиле да се облече, но тој ги нападнал со предмети кои му биле при рака, поради што припадниците на грчкото МВР морале да го уапсат и да го однесат во најблиската станица – изјави Акис Димитријадис, портпарол на судот за прекршоци на Родос.