Пиете смути и мислите дека се храните здраво? Прочитајте го ова!

Се чини дека цедењето, процесирањето и блендирањето на свежите овошја и зеленчуци може да биде и опасно. Сепак, не за џабе зеленчуците се готвеле години и години наназад.

Смути пијалаците и овошно-зеленчуковите шејкови имаат удел на светскиот пазар со 2 милијарди долари годишно, а истиот се очекува да порасне за неколку милиони во следните години.

Многу луѓе сметаат дека ако исцедат лимон и му додадат блендирани киви и спанаќ всушност се хранат здраво и прават добро за себе. Вистината е дека со претворањето на свежите продукти во било каков вид на сок, всушност се искористува мал дел од плодот, а остатокот се фрла во ѓубре.

Во пулпата и лушпите често има многу повеќе хранливи состојки, отколку во самиот сок. Поради тоа, некои сметаат дека е подобро да ги готват плодовите, наместо да ги цедат во соковници.

Популарните смудија може да содржат шеќер колку и чаша Кока-Кола, поради тоа што ги нема растителните влакна за да ги апсорбираат јаглехидратите.

Варењето, готвењето на пареа и печењето често ги активираат корисните состојки на овошјето и зеленчукот. Поради тоа, слободно јадете го зеленчукот, но прво згответе го.

air max 90 essential sale