Петти „Spring Wine Festival“ во Скопје

Од 11-ти до 15-ти мај веќе традиционално по петти пат на паркингот на Веро Центар ќе се одржи пролетен вински фестивал - "Spring Wine Festival"...

Како изминатите изданија на фестивалот, така и оваа година ќе можете да уживате во дегустација на најубавите сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, пропратени со богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на разновидната публика.

Од среда до недела паркингот пред Веро Центарот ќе се претвори во место каде мирисот на пролета, љубовта и виното ќе ги возбудат сетилата и ќе ги задоволат вкусовите на традиционално многубројните посетители.