Петок е неработен ден, наредниот споен викенд е по два месеци и ќе одмараме четири дена

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Нареден неработен ден е Велигден кога неработни денови се Велики петок и понеделник, првиот ден по Велигден.