Петнаесет години возам такси по скопските улици – возам малолетни пијани и издрогирани девојчиња

Денеска ако нема што да работиш тогаш работа како таксист ти е загарантираната работа. На многумина тоа им изгледа многу лесно, но само оние кои пробале барем малку знаат која е реалноста и колко е навистина “лесно”.

Чичко Ацо е возрасен човек. Тој порано работел во една од фирмите во Скопје, како бравар, но ете, се случило и неговата фирма да пропадне. Барајќи егзистенција за живот за себе и за своите најблсики, немајќи друг излез почнал да вози такси по Скопје.

Тој речиси петнаесет години е таксист, а е полн до авантури, случувања. И смешни, но и трагични и жални.

Вели дека ако почне да пишува може да напише огромни две книги.

Се поминало низ моето такси, и деца што повраќаат и жени на кои им протекло, и пијани луѓе, па два дена не можам да ја исчистам колата. Се поминува, ама приказните на патниците ги памтам, раскажува чичко Ацо.

Не беше така кога започнав со работа. Имаше и тогаш секакви ситуации, но некогаш. А сега како оди времето напред станува секојдневие.

Едноставно, кога ќе стигнам дома сам се запрашувам до каде може да отиде светот. И јас имам две ќерки, тинејџерки. Да бидам искрен се плашам за нив.

Жална е сликата кога во таксито ќе ми се качат девојчиња, кои немаат повеќе од 18 години, пијани, изгрогирани. Не ни знаат да ми кажат да ги возам. До такси кога во доцните вечерни часови ги испраќа некој кој може да им биде такси. Жално е кога ги собирам од паркингот зад Македонската телевизија.

Се поминува кај мене. Се соблекуваат на задното седиште, кога ќе им се искине хулахопката, а потоа старите ги оставаат на седиште. Многу пати сум се нашол во незгода ситуација кога некој муштерија ќе ми ги подаде. Сешто ќе помислат луѓето.

Се качуваат во таксито, а потоа немаат пари да ми платата. Во моите петнаесет години работно искуство еднаш пред една година ми се случи, едно девојче на околу 20 години ми понуди да ми плати со секс, бидејќи нема пари. Како да ми удри шлаканица. Јас можам да и бидам татко.

Ми се случи еднаш да возам еден млад дечко. Сметката беше некаде околу 100 денари, а тој немаше пари. Во ќеса имаше пуцки и смоки, па ми ги понуди истите.

Еден дечко додека го возев ме праша за колку пари ќе му ја изнајмам колата, за во неа да има секс со девојка, ама и јас да бидам присутен, немало да им пречи.

Сум возел и кокошки во багажникот.

Имам јас за раскажување многу приказни. Но, сепак не можам да се начудам што се случува со денешнава младина, со денешните девојчиња. Лично сум сведок на многу работи.