Петмина мажи од Скопје, на различна возраст се уапсени вчера од скопската полиција под сомнение дека се дека незаконски поседувале наркотици. Првата група составена од четири лица е уапсена на булеварот „Гоце Делчев“. Станува збор за Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28). При личен претрес полицајците кај нив пронашле марихуана.
Во Гази Баба пак е уапсен Ј.А.(48) кај кој бил пронајден хероин. Против петмината дилери полицијата денеска најави дека ќе поднесе соодветни кривични пријави.