Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во општина Аеродром.

-Ставете лајк на овој статус, за поддршка за продолжување на проектот бесплатна училишна облека за сите дечиња во основните училишта на територија на општина Аеродром. Ова е петиција против укинувањето на училишните униформи, предизвикана од гласините дека СДС и Златко Марин, планира укинување на мерката бесплатни училишни униформи. Мерката бесплатни училишни униформи е воведена од претходната власт во општина Аеродром и истата ги отстранува класните разлики помеѓу дечињата и овозможува истите да не се чувствуваат различни по социјален статус, туку да можат да се посветат на учењето. Кликнете лајк и дајте поддршка за опстојување на мерката бесплатни училишни униформи за основците во општина Аеродром, пишува на фан страната на Фејсбук „Аеродром во моето срце“.