Петиција за основање „Animal police“ во Македонија кружи на социјалните мрежи. Се бара од Собранието на Република Македонија итно да се формира ваква полиција, чија мисија би била обезбедување и осигурување на здравствени услови, безбедност и благосостојба на луѓето и животните во нашата заедница.

Мисијата на „Animal police“ ќе биде да се спроведува кампањата за подигање на свеста на јавноста и граѓаните за одговорноста на сопствениците на домашни миленици, бескомпромисно и детално да ги истражува, решава и спречува сите случаи на злосторство над животните. Да пронаоѓа домови за напуштените животни и да се заложува за востонавување на целосен хуман однос кон животните.

Се бара итно регулирање и строга контрола на продажбата на отрови во земјоделските аптеки и да не се издаваат отрови без запишување на личните податоци од лична карта.

Ова се само дел од активностите што би ги имала „Animal police“. Доколку сакате да се потпишете на петицијата можете да ја најдете на следниов линк.