Петдневна временска прогноза

Денес е петок, 24 март 2017 година, 83-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:26, а ќе зајде во 17:53 часот. Денот ќе трае 12 часа и 27 минути.

САТЕЛИТСКА СЛИКА – Претежно ведро и топло утро имаме и во овие утрински часови во Македонија.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок не очекува уште еден надпросечно топол пролетен ден. Ќе биде претежно сончево и многу топло. Слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 3 до 10 
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 26 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претежно сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните и западните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од 4 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 25 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со поинтензивни врнежи од дожд. Утринските температури од 3 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Врнежите од дожд ќе продолжат во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник во утринските часови ќе престануваат и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Температурите ќе бидат во опаѓање, утринските од 1 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури од 6 до 15 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и свежо време. Утринските температури од -1 до 5 степени, додека пак максималните од 9 до 18 степени.