Петчасовен концерт на македонски музичари во СЦ „Борис Трајковски“

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“, кој ќе се одржи на 28 февруари во СЦ „Борис Трајковски“.

Концерти во иста вечер ќе имаат Владо Јаневски, Слаткаристика и Ферус Мустафов, Сам, „Елита 5“ и групата „Нокаут“.

Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20, а ќе трае пет часа. По Скопје, концерти ќе има во Прилеп и Куманово.