Пет причини зошто хамбургерите се опасни

Ова се петте причини заради кои подобро е да ги избегнувате хамбургерите и да се почестите со малку поздрава храна, со повисок квалитет.

1. Месото доаѓа во допир со амонијак

Станува збор за додаток кој се става во меленото месо, кое се добива од отпадни делови на место. Ова месо се третира со амонијак кој се користи за да се уништат бактериите.

2. Произведувачите на месото се најголемите загадувачи

Американската агенција за заштита на средината потврди дека фирмите кои произведуваат месо се едни од најголемите штетници и загадувачи на средината, посебно на водата.

3. Еден хамбургер се добива од месо од околу 100тина крави

Во процесот во кој се произведува месото за хамбургери учествуваат големи компании кои го мешаат месото, па така во една плескавица може да има месо од 100тици крави, што ја зголемува можноста за бактерии.

4. Месото е полно со антибиотици

Еден од помалку познатите факти за месото е дека е полно со антибиотици, бидејќи при исхраната на животните се користат многу антибиотици и хормони кои ја зголемуваат тежината на животните, но не и квалитетот на месото.

5. Месото може да биде изложено на зрачење

За да се елиминираат можните бактерии, прехранбената индустрија е во потрага за зраци кои ќе го направат тоа. Така што, постои голема опасност дека некои зраци се веќе тестирани на месото кое го јадеме во хамбургерите. Иако оваа метода се карактеризира како сигурна, последиците врз човечкото здравје се непознати.