Пет нови автобуски постојки

Општина Илинден постави нови автобуски постојки и обнови некои стари, со што сега во населените места има пет нови постојки. 

Новите автобуски постојки се поставени на места каде што досега немаше поставено автобуски стојалишта или, постоечките настрешници беа стари, оштетени и дотраени, со што граѓаните што чекаа автобус немаа каде да се засолнат во случај на невреме.

Автобуските постојки се состојат од повеќе елементи настрешница, клупа за седење, корпа за отпадоци и информативна табла.