Пет лица уапсени, нови детали за пукањето на Матка

Пет лица се уапсени за вчерашната тепачка и пукање со пиштол на Матка.

-Вчера во с.Глумово и с.Рашче, скопско од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од с.Глумово и К.В.(24) од с.Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело„насилство“, велат од МВР.

Како што соопшти полицијата, вчера во 20.20 часот во на СВР Скопје, С.С.(31) од с.Глумово пријавил дека околу 15,00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е.

– Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.