Пет лесни чекори до самоостварување

Не е важно, дали се работи за остварување на некоја ваша замислена цел поврзана со вашата кариера или со приватниот живот, понекогаш на сите ни е потребно мало потсетување како да го постигнеме посакуваното.

Запишете ги своите желби
Неодамна спроведеното истражување во Соединетите Американски држави докажало дека одредени поединци кои ги запишуваат своите цели на хартија, полесно доаѓаат до моментот на нивно остварување од оние кои не го прават тоа. Овој факт нека биде ваш потсетник, секогаш со вас да си носите мал бележник за во секој момент да можете да ја запишете секоја ваша наредна цел.

Не си поставувајте тешки задачи
Доколку си поставите што полесни цели, полесно ќе можете да дојдете до посакуваната реализација, на пример доколку сакате да патувате, за почеток одберете некоја поблиска дестинација.

Бидете прецизни
Доколку имате во план да изгубите неколку килограми, не дозволувајте вашата цел да биде неодредена. Поставете си цел, колку точно килограми би сакале да изгубите и на кој начин ќе го постигнете тоа. Верувајте, ќе бидете многу помотивирани доколку ја конкретизирате целта.

Направете си фото-потсетник
Постојат многу веб сајтови кои изобилуваат со визуелни мотиватори кои може постојано да ве потсетуваат на зацртаната цел. Мотивационите пораки или фотографии, секогаш чувајте ги на видно место, на пример како поздина на вашиот мобилен телефон или на работната маса.

Важноста на оптимизмот
Наместо да се грижите за тоа, кои можности сте ги пропуштиле во животот, сконцентрирајте се на тоа што сте го оствариле. Доколку се цените себеси и вашиот досегашен напредок, полесно ќе ви се отвори патот кон следните успеси.