Пет илјади километри на океан: Maкедонец ќе се обиде да го премине Атлантикот со едрилица

Борјан Пановски, по професија банкар кој живее во Њујорк веќе 13 години, ќе се обиде да стане прв Македонец кој го преминал Атлантикот со едрилица.

Тој  ќе биде дел од шестчлената посада на бродот што ќе учествува на годишната регата Атлантско рели за крузери (Atlantic Rally for Cruisers), што ќе стартува на 24 ноември. Нивната почетна точка ќе биде шпанскиот град Лас Палмас на Канарските Острови, а целта е карипската држава Света Луција, оддалечена 2.700 наутички милји, односно 5.000 километри.