Пет детски игралишта во Центар-адаптирани за децата со посебни потреби

Нови адаптирани лизгалки, клацкалки и реквизити  за вежбање ќе бидат поставени на 5 постоечки постоечки детски игралишта на територијата на Општина Центар, информираат денес од општина Центар.

 Адаптирањето подразбира оформување на простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што ќе им овозможи безбедно да си играат, да се социјализираат и ќе им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.

Реализацијата на овој проект, кој е во интерес на децата со попреченост, е на Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“ и Општина Центар .

Министерството ги обезбеди реквизитите, а општина Центар просторот. Адаптираните игралишта, според европски критериуми, ќе бидат достапни за децата со попреченост.

Овој проект ќе го подигне сознанието за различностите од најрана возраст и подигање на свеста за неопходноста од социјализирање  и инклузија на овие деца 

Вакво игралиште веќе е адаптирано кај централниот парк во Капиштец, а ќе се постават и на игралиштата  во Градски Ѕид - Агромеханика ,  Градски Ѕид - Автомакедонија , Градски Ѕид - Зелен Пазар  и  Капиштец - Зебра .