Песната „На Велигден сум се заљубил" на Џокси, доби женска верзија

Доаѓа големиот и тежок празник велигден, а освен велигденските јајца, она што секоја година кај нас го одбележува празникот е и песната „Велигден“ на Џина Папас Џокси.  Песната која е хит секој Велигден доби и своја женска верзија кога во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски ја испеа пејачката Пепа Димитрова, а аранжманот го направи Дамир Имери.

- Освен мојата изворна интерпретација на „Велигден“, пред неколку години песната ја отпеа и Ламбе Алабаковски, а еве сега свој печат ќе и` даде и Пепа Димитрова. Таа има карактеристична боја на глас, со соул и со џез-призвук, па верувам дека нејзиното пеење ќе биде вистинско освежување за публиката. Инаку, идејата за оваа преработка е моја и среќен сум што по толку години интересот за песната, што на своевиден начин ја одбележа мојата кариера, не се намалува, вели Џокси за Нова Македонија.