Пештерата Врело на Матка ќе добие осветлување!

Пештерата Врело на Матка веќе претставува една од најголемите туристички атракции на главниот град. Но, за да се постигне максимален ефект, потребно е да се постави осветлување. 

Оваа идеја ја даде Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Советниците ја одобрија идејата, па така градот ќе учествува со 1 милион денари во осветлувањето на внатрешноста на пештерата. Тие сретства се нешто помалку од една третина од вкупната вредност на проектот, кој е поддржан од Бирото за регионален развој. 

Неколку години по ред Град Скопје работи на тоа овој локалитет да стане главната туристичка понуда на градот и на туристите да им се овозможи што е можно полесен пристап до атрактивните спелеолошки објекти. Со осветлувањето пештерата ќе биде побезбедна и попривлечна за ибичните туристи. 

Носител на проектот за осветлување ќе биде Центарот за развој на скопскиот плански регион, кој ќе ги добие сретствата од градот и ќе има задача да го реализира осветлувањето. До сега, само дел од пештерата е осветлен со струја од агрегат. Тоа не е доволно за посетителите да ја почувствуаат убавината бидејќ голем дел се наоѓа во темница. До пештерата инаку, се стигнува само преку вода.