Вчера во точно неутврдено време на автопатот-обиколница на град Скопје во непосредна близина на надвозник за с. Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак коj починал на лице место.

По сообраќајната несреќа лицето со возилото го напуштило местото на настанот.

Од екипа при итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето-возач и возилото.