Пешак усмртен во Илинден

Сообраќајна несреќа во која е усмртен пешак се случила вчера во 19.20 часот на локален пат во населба Илинден.

-Автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.В.(21) од с.Марино, скопско, удрил во пешак С.С.(79) од населба Илинден, кој починал на местото на настанот, информираат од полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.