Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс се повторно на списокот на Јорданчо Давитков селекторот на најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија. 

 Ова се дел од 24-рица кошаркари кои се најдоа на поширокиот список на Давитков за претстојните претквалификациите за Европското Првенство во 2021 година.

 Покрај овие тројца, на списокот е и Џордан Теодор кој настапи во августовските квалификации, но неговиот настап овојпат е неизвесен поради судирот кои го има на релација ФИБА – Евролигата. 

 Меѓу повиканите и овој пат се и талентираниот Ненад Димитриевиќ кој летоска, реши да се посвети на својата форма за настапите во Хувентуд, како и Предраг Самарџиски кој ги пропушти претходните квалификации. 

 На комплетниот список на Давитков се: Перо Антиќ (Црвена Звезда), Војдан Стојановски (Бујукчекмече), Ѓорѓи Чековски (Работнички), Ненад Димитријевиќ (Хувентуд), Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи), Марјан Јанески (Куманово), Димитар Караџовски (Куманово), Александар Костоски (Питешти), Бојан Крстевски (Работнички), Андреј Магдевски (Фени Индустри), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Љубомир Младеновски (Илирија), Кирил Николовски (Карпош Соколи), Предраг Самарџиски (Мега Бемакс), Дарко Соколов (Карпош Соколи), Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром),Диме Тасовски (Гостивар), Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром), Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс (Галатасарај), Џордан Теодор (Олимпиа Милано) и Марко Дујковиќ (Блокотехна).

 Останува да се види кои играчи ќе се појават на првиот тренинг закажан за 19 ноември (недела) со почеток во 17 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“.

 Првиот натпревар во овие квалификации македонските кошаркари ќе го играат на гостински терен, против Словачка на 23 ноември, а вториот натпревар (од овој прозорец) е три дена подоцна, на домашен терен против Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“.