Перо Антиќ ќе добие признание „Заслужен граѓанин на општина Центар“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денес ќе му го додели првото признание на општината за заслужен граѓанин на кошаркарската легенда, Перо Антиќ.Настанот ќе се одржи во 11:00 часот, во салата на Советот на општина Центар.

Истовремено општината денес информираше дека Перо Антиќ, кој е прв македонски спортист со освоени три евролигашки титули, утре во 19:00 часот на кошот на Водно, ќе одигра “маалски баскет“ со младите баскетџии кои ја сакаат кошарката.