Период од годината кога се троши повеќе – совети како да заштедите за Нова Година

Верувале или не, така е и при пазарење. Пости многу поголема шанса за импулсивно и непланирано купување кога сте во друштво. Кога сте сами, наjчесто опремени со листата на потребни работи, многу помали се шансите да купите нешто надвор од планираното.

Новогодишните и божикни празници покрај радост, носат и голем стрес. Новата година богато да се дочека, да сте дотерани и секој да добие убав подарок.

Но, не се нервирајте. Постојат неколку чекори со кои не само што ќе се осигурате дека вашето трошење за време на празниците ќе биде под контрола, туку и дека ќе заштедите во период на најголемите трошоци.

1. Секогаш имајте листа

Сигурно веќе сте чуле дека во маркет не се оди кога сте гладни. Гладот ве тера да купувате повеќе грицки и храна отколку што ви е потребно. Затоа секогаш со себе имајте листа. Така е и за новогодишниот шопинг. Без разлика дали се работи за купување на намирниците за празничната вечера или за подароците со кои сакате да ги израдувате најблиските – листата е вашиот најдобар пријател. Држете се до неа.

2. Пресметајте се

Бидете искрени за својот буџет. Седнете и направете ја математиката – со колкав буџет навистина располагате. Потоа наредете ги вашите приоритети во листа со три колони: Неопходно, пожелно и незадолжително. Најголем дел од буџетот одвојте за првата колона, помал за средната и најмал за оние работи без кои може да поминете.

3. Не се срамете од промоциите

Искористете ги промоциите и понудите. Разгледајте добро кој што нуди и поделете ги работите. Нешто купете од еден, останатото во друг маркет. Ова е особено добар совет за новогодишните подароци. Купете навреме. Продавниците знаат да ги искористат потрошувачите кои купуваат во последен момент и неретко последните два дена од декември работите се поскапи или веќе потрошени.

4. Купувајте сами

Како што во маркет не се купува гладен, така и купувањето е поефикасно кога сте сами. Не за џабе велат дека ако не сакате да се прејадувате, оброците треба да ги јадете во мирна атмосфера, без телевизор и не во друштво.

Верувале или не, така е и при пазарење. Пости многу поголема шанса за импулсивно и непланирано купување кога сте во друштво. Кога сте сами, наjчесто опремени со листата на потребни работи, многу помали се шансите да купите нешто надвор од планираното.