Период на Овните: Жената родена во овој знак е жив оган

Оваа жена е страствена, импулсивна, слободоумна, ентузијастична, одважна.

Станува збор за жената Овен. 

Таа е пркосна, тврдоглава, темпераментна, многу самоуверена, бунтовна. Роден лидер кој бестрашно оди низ животот, родена за да биде на врвот, која ги освојува сите околу себе со својата енергија и харизма, но и желба за животот.

Жената родена во овој знак е непоколеблив оптимист кој постојано се бори за правда. Знае да биде многу разиграна и е голем авантурист кој секогаш гледа напред, пред себе. Има маани, но тие се поврзани со нејзината љубомора и тврдоглавост.

Таа припаѓа на групата огнени знаци што ја прави многу страствена. Лесно презема иницијатива во љубовните игри и лесно го заведува партнерот, а исто така сака да се препира го доживува како предигра. Често е магнет за мажите бидејќи  ја доживуваат како интензивна и интригантна, а нејзиното освојување е голем предизвик.

Се чувствува најжива кога е заљубена, а тогаш сите нешта во нејзиниот живот стануваат екстремни. Во врската не сака да се чувствува поседувана, но повремено покажувањето љубомора и посесивност прави таа да дознае колку вреди.

Романтиката не и е најсилна страна, но сака внимание. Таа е меѓу ретките жени што може да одвои љубов од секс.

Во пријателствата, еден момент е мирна а потоа вистински хаос. Да се биде пријател со неа значи да се биде подготвен на една интензивна авантура, која трае цел живот. Сака опасност и малку непредвидливост во пријателствата и не сака досадни луѓе покрај себе.