Пензионерите извисија: Нема покачување на пензиите за 5%

На вчерашната седница на Собранието СДСМ одлучи пензиите на пензионерите да не се зголемат, првпат после единаесет години, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев. 

„СДСМ не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината и треба пред пензионерите и целата јавност да одговори зошто се против зголемување на пензиите на пензионерите.

Ова парламентарно мнозинство покажа и докажа дека за нив партиските итнереси се многу поважни од интересите на граѓаните. 

Со гласањето против Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на денешната седница на Собранието на Репбулика Македонија парламентарното мнозинство предводено од СДСМ спречи да продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години“, рече Цуклев.

Во знак на револт пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ја напуштија собраниската сала.

СДСМ, како што рече Цуклев, пред очите на целата јавност спречи пензионерите да добијат покачување на пензиите, онака како што ги спречи студентите да добијат бесплатни компјутери, државните и административни службеници да добијат покачување на платите за 5% и како што спречија да се намалат трошоците за извршување.