Пекол и дожд во јуни, сонце и стабилно време во јули

Времето денес ќе биде сончево и топло. За време на викендот не очекува стабилно, топло време и температури до 33 стетепи.

Променливо време со врнежи од дожд најавуваат метеролошките сервиси за почетокот на следната седмица и температури кои ќе се движат околу 30 степени. Вакво време ќе се задржи во првата половина од седмицата, додека жешко време со високи температури најавуваат за втората половина, односно за крајот на овој месец.

Јули ќе биде стабилен и ќе донесе пониски температури околу 30 степени и сончево време.