„Пејпал“ сеуште далеку од реалност во Македонија

Компанијата „Логин системи“ поддржана од Министерството за финансии најави дека во Македонија ќе го иницира воведувањето на сервисот за прием на пари на глобалната платформа за онлајн плаќање „Пејпал“, но засега нема напредок.

– Во кореспонденцијата со „Пејпал“ не се истакнува некој посебен период кога би започнале подготовките за сервисот – изјави Венко Глигоров, директор на „Логин системи“, пренесува порталот Денар.

Според Глигоров, Македонија е мала земја и е недоволно атрактивен пазар, така што само со лобирање од повеќе страни може да се придобие „Пејпал“ да го воведе овој сервис во Македонија.

– Заради евидентните потреби, деловната заедница во Македонија и професионалците во различни области се приклучија на иницијативата со голем елан, која треба да продолжи посилно во наредната фаза како и на повисоко ниво – додава Глигоров.