„Пееше со солзи во очите“ - Тамара топ тема во регионот

На втората полуфинална вечер на „Евровизија“ настапи и Тамара Тодевска под реден број 17, а доби овации и пофалби за настапот со кој се пласираше во финале. Доби поддршка од многу ѕвезди како Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Беквалац, а и медиумите во регионот пишуваат за неа.

„Сестрата на Тијана Дапчевиќ ја претставуваше Македонија на Евровизија, а еден детаљ ги разнежи сите“, „Сестрата на Тијана Дапчевиќ пееше со солзи во очите: Тамара Тодевска ја претстави својата земја на Евровизија со многу силна емоција“,Фотографија која воодушеви: Сестрата на Тијана Дапчевиќ на Евровизија имаше посебна порака, а овој гест по настапот предизвика силен аплауз“, се само дел од насловите.