Педијатрите: Мајките денеска помош првин бараат од Гугл, па потоа од стручно лице

Интернетот денеска можат да го користат сите. Некогаш се користи за пребарување на нешто важно, но често пати, тоа слижи и како место каде можат да се најдат многу непроверени и неточни информации.

Педијатрите во Македонија се почесто почнуваат да апелираат до мајките, ако имаат некој проблем со своето дете, најпрвин да се обратат на стручно лице, а да не превземаат некои работи на свои раце, откако прочитале на интернет.

Додека некои жени, порано совети барале од своите мајки и свекрви, денес за сите важни прашања во врска со детето се консултираат со интернет, па таму пронаоѓаат утеха и искуство од другите мајки. А често знаат и да направат некој поголем проблем, бидејќи кај секое дете постои различна причина за појава на одредена болест, симптом или било какво невообичаено однесување.