Педијатрите и дерматолозите од Македонија едногласни: Да не се изложуваат на сонце деца помали од 6 месеци

Децата помали од 6 месеци да не се изложуваат на сонце, велат педијатрите и дерматолозите.

Тие предупредуваат на штетното влијание на сонцето и УВ зраците, а особено внимателни треба да бидете со малите деца, кои се уште немаат развиен заштитен систем за заштита од сонце. Кај нив потемнувањето како механизам за заштите на кожата од УВ зраците не е присутно во потполност, а оштетувањата на кожата ќе започнат да им се собираат во текот на целиот живот, затоа што кожата ќе стане подложна.

Секоја опекотина, но и претераното изложување на УВ зраците во текот на детството го зголемува ризикот за настанок на карцином во повозрасна доба.

Во првите шест месеци не се препорачуваат ниту заштитни креми, а во вториот дел од првата година се користат исклучиво оние кои содржат минерална заштита од сонце.

Таквите креми создаваат физичка бариера и спречуваат УВ зраците воопшто да дојдат до кожата.

Во секој случај, потребно е да се избегне престој на сонце меѓу 9 и 16 часот.Особено внимателни треба да бидете ако детето е на некоја пловидба затоа што сонцето се одбива од водата. Од иста причина треба да се премачка со крема дури и кога е на сенка.

Шеширчињата и очила треба да бидат квалитетни.Треба да блокираат 99-100% од УВА и УВБ зрачењето.УВА можат да влијаат на појава на очна мрежа и дегенрација на жолти пеги. Сенката која ја прави шеширот може да го преполови изложувањето на лицето и очите од УВ зраците.