Педијатрите апелираат за здрава храна уште од најраното детство

Здравјето влегува преку устата, а педијатрите се секогаш едногласни кога станува збор за здрави навики кај децата. Тие апелираат до родителите да ги учат децата да водат здрав живот.

Според нив навиките за здрава исхрана треба правилно и навремено да се формираат, за да им се обезбеди соодветен раст и развој на децата.

Клучни во менито на децата да бидат овошјето и зелечнукот, а термички обработената храна строго да се избегнува- апел до родителите да внимаваат децата да не јадат брза храна.

Освен здравата исхрана, за правилен развој значајна е и физичката активност. Посебно кај најмладите, но не помалку и кај постарите лица. Експертите од оваа област апелираат родителите да не ги ограничуваат децата во изборот на спортот и доколку е потребно да им дозволат да пробаат и неколку различни спортови.