Пеце од Крушево го остапува својот стан за дечиња со здравствени проблеми

Крушево има чист воздух и градот не е загаден. Шумата и планината се блиску. Имам прекрасен стан кој стои празен и сакам бесплатно да го остапам за сместување на овие дечиња, вели Пеце во изјава за Скопје Инфо.

Експертите секојдневно предупредуваат дека дека Скопје е водечки град во Европа според загадувањето со помалите и поопасните ПМ 2.5 честички и дека во Скопје секој трет умира од загадениот воздух.  Болницата Козле секојдневно се полни со дечиња со белодробни и респираторни заболувања.

Ова беше причина Пеце од Крушево да направи хуман гест со кој ќе им помогне на дечињата со здравствени проблеми. Тој својот стан во Крушево го остапува на бесплатно користење токму за нив.

Крушево има чист воздух и градот не е загаден. Шумата и планината се блиску. Имам прекрасен стан кој стои празен и сакам бесплатно да го остапам за сместување на овие дечиња, вели Пеце во изјава за Скопје Инфо.

Сите заинтересирани може да се јават на телефонскиот број 072774051. Се надеваме дека и другите ќе го следат примерот на Пеце.