Пазарџиите од Зелен пазар штрајкот го ставија во мирување

По четири дена по ред блокирање на сообраќајот во центарот на Скопје, протестот на пазарџиите од Зелен пазар денеска е ставен  во мирување се до понеделник.

Тоа било решено на вчерашната средба на пазарџиите со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред седиштето на општината.

Во понеделник, во 16 часот тие  ќе има средба на која двете страни се надеваат дека ќе дојде до решение за проблемите со паркирањето и дотурот на производите на тезгите.

Пазарџиите се револтирани од зголемената цена на паркингот „АвтоМакедонија“ од 40 на 70 денари од час, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе им се намали работата, а од друга страна пак градоначалникот Богданович и од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ велат дека овој паркинг пред се треба да им служи на околните жители на зградите, а не како што велат да се злоупотребува од пазарџиите на различни начини, па дури и со нелегална продажба на алкохол, цигари и друго.