Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, по аферата со аудио снимката.

Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на  Комисијата за мандатното имунитетна прашања во Собранието, на која се одлучува за мандатот на Никола Груевски. Богоевски беше претседател на комисијата.

-Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра, изјави Богоевски.

По оставката на претседателот Павле Богоевски седницата на комисијата е прекината, а со неа во иднина ќе претседава неговата заменичка Снежана Калевска Ванчева.

Неговата изјава ја пренесе Канал 5.