Пауло Коељо: Сите изгледа имаме јасно мислење за тоа како другите треба да го водат својот живот, само не и за својот

„Среќата понекогаш е благослов, но воглавно мораме да ја освоиме.“

Пауло Коељо е еден од најчитаните модерни писатели и луѓето го сакаат токму поради инспиративните мисли кои ги пишува во своите книги. Прочитајте дел од неговите мисли кои ќе ви помогнат да ја одржите среќата, но и да си ги исполните желбите.

„Ако нешто доволно силно посакувате, целиот Универзум кова заговор за да ти помогне да го оствариш тоа.“

„Што и да прави, секој човек на земјата игра водечка улога во историјата. А тој тоа секако дека не го знае.“

„Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе почнете да го исполнувате тој креативен потенцијал, можете да почнете да го менувате светот.“

„Не им се предавајте на стравовите. Ако го направите тоа, ќе ја изгубите врската со срцето.“

„Постои само една работа поради која нема да можете да ги остварите своите соништа, а тоа е стравот од неуспех.“

„Сѐ ми кажува дека ќе донесам погрешна одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака светот од мене? Сака да не ризикувам и да се вратам од местото каде што сум дошол затоа што не сум имал храброст да му кажам „Да“ на животот?“

„Постојат моменти кога во нашиот живот доаѓаат неволји и ние не можеме ништо. Но, тие се тука со причина. Тогаш кога ги преболуваме, разбираме зошто се појавиле.“

„Љубовта не може да се најде во кое било друго место освен во себе. Едноставно ја будиме. Но, за да ја пробудиме, потребна ни е друга личност.“

„Кога сакаме, секогаш се трудиме да бидеме подобри од претходно. Кога ние се трудиме да бидеме подобри, сѐ околу нас станува подобро.“

„Сите изгледа имаме јасно мислење за тоа како другите треба да го водат својот живот, само не и за својот.“

„Никој никого не губи, затоа што никој не поседува никого. Тоа е поим за слобода: Ја имате најважната работа на светот, но не ја поседувате.“

„Не објаснувајте. На вашите пријатели не им е потребно, а вашите непријатели нема да ви веруваат.“

„Вие сте посебни, но и некој кој сака да биде како и сите други. Јас го сметам тоа за сериозна болест. Бог ве создал различни. Зошто го разочарувате со такво однесување?“

„Морате да бидете онаа личност за која никогаш не сте собрале доволно храброст да бидете. Постепено ќе откривате дека вие сте баш таа личност и сѐ додека сигурно не го видите тоа, морате да се трудите.“

„Ако сакате да бидете успешни, морате да почитувате едно правило – никогаш не се лажете себеси.“